Биткоин: Експертот кој ја предвиде кризата во 2008 објаснува зошто паѓа цената

од desk2
96 прегледи

Биткоин лудилото ќе трае додека вредноста на дигиталната валута не падне на нула, предупредува повторно економистот Нуриел Рубини.

Биткоин е најголемиот меур во историјата и ќе пукне, вели Рубини, познат како Доктор Пропаст (Dr Doom), кој ја предвиде финансиската криза од 2008 година.

Тој е доследно скептичен во врска со биткоинот и вели дека ќе има многу шпекулирање за да се поддржат цените. Тој вели дека истото се случува кога луѓето купуваат и продаваат имоти за да манипулираат со берзата на недвижнини.

Рубини го анализира графиконот со вредноста на биткоин и прашува дали службите како Комисијата за хартии од вредност не треба „да почнат да ја разгледуваат оваа криминална активност?“

„Сметам дека сево ова околу биткоинот е еден џиновски меур бидејќи ова не е сериозен начин за плаќање, ниту добар начин за чување на капиталот“, вели тој.

„Биткоинот се храни сам од себе и нема основни причини неговата цена да остане на толку високо ниво“, објаснува тој.