Бошњаковски: 90 отсто од „Скопје 2014“ протекува

од desk2
95 прегледи

Не е само зградата на Државниот архив, туку 90 отсто од објектите изградени во проектот „Скопје 2014“ ги покажуваат истите проблеми со кои секојдневно се соочува и Владата и вработените во тие институции, посочи портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, зборувајќи за изнаоѓањето на решение за Државниот архив кој досега неколку пати беше поплавуван.

Штетата која ја предизвикаа последните обилни врнежи сè уште се проценува.

– На владината седница се разгледа информацијата за надминување на проблемот со канцеларискиот простор и депото на Државниот архив. Ова ситуација е резултат на исклучително нелогичко однесувања на претходната Влада. Решението кое ќе го донесе оваа Влада ќе биде долготрајно, во интерес на Репубика Македонија, за заштита на Архивот бидејќи сме свесни дека тие документи се национално – посочи портпаролот.

Бошњаковски рече дека на решението се работи веќе два месеци, тоа сè уште не е донесено, но порача дека суштинските односно поголемиот дел од материјалите во Државниот архив се наоѓаат во старото депо бидејќи воопшто не ни биле преместени. Тој потенцираше дека се бара долгорочно решение.

– Нема да донесуваме одлуки кои се на штета на Буџетот и на институциите во Македонија. Направена е така сложена конфузија со преминувањето на вработените од старата во новата зграда така што кое било решение не може да биде идеално ниту за јавното обвинителство ниту за архивот. Приоритет е да го заштитиме националното богатство, материјалите кои се таму. Второ, важно е архивот да продолжи со својата работа, лабораторијата да продолжи да архиpвира и како Влада да донесеме решение кое ќе биде долгорочно и функционално – реше Бошњаковски./plusinfo