Њујорк Никс трета година по ред се покажа како највисоко оценет тим во НБА лигата, покажа истражувањето на „Форбс“. Исто така, податоците покажуваат дека секој тим во Лигата има вредност од најмалку 1 милијарда долари, и ова е прв пат во историјата на лигата.
Никс не се квалификувал за НБА плејофот од 2013 година, но нивната вредност скокна на 3,6 милијарди долари или 9 отсто повеќе од минатата година. Скокот во вредностa беше објаснето со реновирањето на „Медисон Сквер Гарден“, која понуди нови области за рекламирање и зголемен капацитет за седење.
Понатаму следат Лос Анџелес Лејкерс, чија вредност изнесува 3,3 милијарди долари, актуелниот шампион Голден Стејт со 3,1 милијарди долари, Чикаго Булс – 2,6 милијарди долари. Бостон Селтикс ги затвора првите пет во овој пласман со 2,5 милијарди долари. Во ова истражување се вели дека просечната вредност на франшиза од НБА е рекордни 1,65 милијарди долари и тaа се покачилa за 22 проценти во однос на минатата година и три пати повеќе за последните пет години.
Ова значи дека секој од 30 НБА тимови во моментов чини најмалку 1 милијарда долари, како дел од договорот од 24 милијарди долари за продажба на ТВ правата на ЕСПН и ТНТ. Договорот започна во сезоната 2016/2017 и го зголеми приходот на клубот за 68 отсто.
„Интересот на инвеститорите во НБА во моментов е огромен најмногу поради стабилната економска средина во Лигата, како и на засилениот интерес од странство“, објасни уредникот на „Форбс“ Курт Баденхаузен, кој раководел со истражувањето.