Суперѕвездата на НБА, Леброн Џејмс донесе победа на Кливленд Кавалирс со 140:138 против Минесота Тимбервулвс по продолжение со кош со сирената. Џејмс одигра одличен натпревар во „Квикен Лоунс Арена“ во Кливленд, запишувајќи трипл-дабл – 37 поени (при 16-22 шут од игра), 15 асистенции и 10 скока.
Во последните секунди Леброн потсети зошто е нарекуван „Кралот Џејмс“. Тој прво блокираше шут на Џими Батлер при последниот напад на „волците“, а на 1,3 секунди пред крајот на продолжението, домаќините ја внесоа топката во игра по тајмаут, Џејмс доби долг пас од Џеф Грин, се сврте и шутираше кон противничкиот кош. Шутот беше успешен и 33-годишниот Леброн Џејмс сам стави крај на серијата од 8 последователни порази на „Кавалирс“ во регуларната сезона на НБА.
Со својот трипл-дабл (деветти сезонава и 64-ти во 15-годишната кариера) Леброн стана играчот со најмногу скокови во историјата на Кавалирс (5.905), надминувајќи го Жидрунас Илгаускас (5.904). Џејмс веќе е лидер во историјата на Кливленд Кавалирс во категориите за најмногу поени, скока и асистенции. Уште само двајца кошаркари во историјата на НБА се лидери на сите времиња за еден тим во овие три индикатори – Мајкл Џордан и Кевин Гарнет.
Со 5-те тројки во натпреварот, Џејмс придонесе и за уште еден рекорд. Кливленд и Минесота реализираа вкупно 40 тројки во дуелот (21 за Кавс и 19 за Вулвс), што е рекорд во НБА. Претходниот рекорд беше дело на Голден Стејт и Далас Маверикс на 25 март 2016 година (39 тројки).
Џеј Ар Смит додаде 17 поени за Кливленд, а Тристан Томпсон се истакна со 17. За Минесота, Џими Батлер реализира 35 поени, Карл-Ентони Таунс додаде 30 + 10 скока, а Ендрју Вигинс запиша 19 поени. Џеф Тиг пак зад своето има остави бројки од 14 поени и 15 асистенции, но и тоа не беше доволно.
На последниот ден пред истекот на крајниот рок за спроведување на трансакции со размена на играчи во НБА Леброн и компанија го заземаат третото место на табелата во Источната конференција со 31 победи и 22 порази. Лидери на Исток се Бостон Селтикс (39 победи, 16 порази) и Торонто (37 победи, 16 порази).
Минесота се наоѓа на четвртото место во Западната конференција со 34 победи и 23 порази. Лидер на Запад е Голден Стејт со 41 победи и 13 порази, следен од Хјустон Рокетс (40 победи, 13 порази) и Сан Антонио Спарс (35 победи, 21 порази).
Резултати од НБА:
Детроит – Бруклин 115: 106
Мајами – Хјустон 101: 109
Кливленд – Минесота 140: 138 по продолжение
Мемфис – Јута 88:92
Феникс – Сан Антонио 81: 129
Њу Орлеанс – Индијана одложен