Ливерпул најверојатно ќе успее да го привлече Тома Лемар од Монако во текот на летото.
Според информации на „Индипендент“, крилиот фудбалер одбил да го обнови договорот со тимот од Кнежеството и клубот нема да има избор освен да го продаде по крајот на сезоната.
Кон него интерес има и од Арсенал, но желбата на Лемар е да пристигне на „Енфилд“ кај Јирген Клоп.
„Црвените“ се обидуваа да го привлечат во последните два трансфер прозорци, и досега обидите беа неуспешни, но по крајот на сезоната тимот веројатно ќе успее да ја постигне својата цел.
Како што е познато, Монако одби понуда од 78 фунти за својот играч во летото минатата година, која доаѓаше токму од Ливерпул.