
Во велешкиот суд продолжи судењето на лекарите од гевгелиската болница обвинети за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе.
Во судот еден од обвинетите лекари поставуваше прашања до вештите лица од судска медицина во врска со состојбата на родилката пред царскиот рез.