
Полицијата и денеска работи на расветлување на пријавата од мајка која во полиција кажала дека воспитувачка од градинката „Калинка“ во Аеродром неколкупати го удрила нејзиниот шестгодишен син со што му нанела црвенило и оток на образот.
Според неофицијални информации на телевизија 24, денеска на разговор во полициска станица повикани се директорот на градинката и воспитувачката.
Како што вчера информиравме, случајот веднаш бил пријавен во полиција, а директорот разговарал со воспитувачката која го негирала настанот.
И од општина Аеродром информираа дека се во постојана комуникација со директорот на градинката. Доколку се утврди вина, веднаш ќе се спроведат соодветни санкции кон посоченото лице, наведоа од општината.