Ким Јонг-Ун опкружен со тенкови, обична и ракетна артилерија, оклопни возила – воена сила од светска класа

од desk4
93 прегледи

“Северна Кореја, која има нуклеарно оружје, е воена сила од светска класа”. Ова го изјави нејзиниот шеф Ким Јонг-Ун за време на воената парада која денеска се одржа во Пјонгјанг , во пресрет на отворањето на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја.

“Ние веќе сме во можност да му покажеме на светот својот статус на воена сила од светска класа”, изјави на плоштадот “Ким Ил-сунг” севернокорејскиот лидер.

За време на парадата беше демонстрирана интерконтиненталниот балистички проектил од нов тип “Хвасон – 15”. Неколку лансирни станици на “Хосон-15” а сето тоа бепе прикажани во телевизискиот преноси на Северна Кореја. Парадата исто така се состоеше од тенкови, обична и ракетна артилерија, оклопни возила.