Јавното претпријатие „Паркиралишта и зеленило“ од Гостивар го раскина договорот со компанијата „Дуна Компјутери“ кој се однесуваше на наплатата на зонското паркирање. До спроведување на новиот начин, паркирањето во Гостивар нема да се наплаќа, информираа од ЈП „Паркиралишта и зеленило“.

Одлуката за прекинот на соработката и причините за вакавата одлука беа соопштена на прес конференцијата која локалната самоуправа ја одржа во рамки на кампањата „Вистината за ДУИ“.
– Сметаме дека процентот наменет за приватниот партнер бил превисок, а исто така имало и други престапи. Всушност, според договорот приходите предводено е да се делат 38% компанијата партнер и 62% за јавното претпријатие. Процентот бил предвиден во нето, додека цело време исплатата била правена во бруто износ. Од ваквиот начин на поделба на парите, значи, дека јавното претпријатие трепело штета од просечно по 300.000 денари или пет илјади евра месечно, рече Абдул Расим портпаролот на ЈП „Паркиралишта и зеленило“ изјави Абдули.
Таблите со информации за зонското паркирање во текот на денот се отстрануваат од локациите за паркинг места, со што од денес, паркирањето ќе биде бесплатно.
Музафер Зулбеари, директор на ЈП Паркиралишта и зеленило кажа дека нема да има отпуштања и сите 26 вработени ќе останат на работа.
– Предвидуваме за брзо време, за петнасетина денови, да го решиме начинот на наплата, а вработените ќе останат на работа. Во текот на денот ќе имаме состанок и ќе донесеме одлука за начинот на наплата, дали со талони, фискални сметки и до кога паркирањето ќе биде слободно, рече Зулбеари.