ПСЖ размислува за варијанта да го привлече Зинедин Зидан за тренер на тимот во сезоната 2018/19. Таквите информации се појавија во француското издание „Le10Sport“, каде што беше наведено дека сè уште немало контакт меѓу двете страни.
Сепак, парижаните имале за цел да истражат како Зизу гледал на слична опција.
Францускиот специјалист има договор со „Кралскиот“ клуб до 2020 година и моментално е во деликатен период. Тимот се претставува променливо, а Зизу има тешка задача даго стабилизира.
Шпекулациите во Франција велат дека Унаи Емери ќе се збогува со својот пост по завршувањето на кампањата. Ако тимот загуби од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, разделбата ќе биде сигурна, а може и предвремена.
Други имиња за постот на „Парк де Пренс“ се оние на Антонио Конте, за кого се смета дека ќе се раздели со Челзи, Луис Енрике, актуелниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, како и тренерот на Атлетико Мадрид – Диего Симеоне.