294
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити пројавуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Лестер и националниот тим на Англија, Хари Мегваер, тврди „Мирор“.
Од двата тима се очекува да понуди од летото, бидејќи битката за неговиот потпис ќе биде доста жестока.
Мегваер премина кај „лисиците“ пред една година од редовите на Хул Сити и се претставува доста стабилно за тимот.
Неговите силни настапи дури и му донесоа место во репрезентацијата на Англија за која веќе има 3 натпревари.
„Лисиците“ нема да го продадат дефанзивецот по секоја цена, и ќе бараат најмалку 50 милиони фунти.
Тимот го купи од „тигрите“ за само 17 милиони во англиската валута и има совршена можност да оствари тројна добивка.