“Нашата мисија е идентична, наша одговорност е да поддадеме рака и понудиме помош и поддршка за заштита на македонското културно и државно наследство“.

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Ние разбираме дека Државниот Архив на Македонија во овој момент се соочува со големи предизвици. Тој има тешка мисија “да го чува и заштитува вековното културно и државното наследство на Македонија“ а кога мисијата е безвременска, тогаш сигурно и очекувано е дека во некои фази ќе се појават предизвици кои треба да се надминат.

Нашата мисија во ИНБОХ, како Архив е ИДЕНТИЧНА и затоа чувствуваме и професионална и општествена одговорност во овој момент да ги понудиме сите наши ресурси – архивски депоа, архивски сефови, логистика опрема, технологија и човечки ресурси во служба на Државниот архив за да се надмине предизвикот со кој се соочува.  Нема место за паника, туку рационално и одговорно однесување, вели сопственикот на ИНБОХ ,Стојче Тасков

Ние упативме формален допис до државниот архив, во кој го известуваме дека стоиме на располагање со сите ресурси без надомест во сите фази на организирање и управување со процесот на селење, привремена заштита и/или конзервација на архивскиот материјал.