(ГАЛЕРИЈА) Цели приказни во крупните кадри на „Лица“ од Азија и Африка

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Овие прекрасни снимки ги снима фотограф кој ги поминал последните 30 години од својот живот, патувајќи низ целиот свет.

Сергеј Антон од Белгија направил безброј патувања низ Африка и Азија, за време на кој тој ги снимал лицата на луѓето како начин да ги презентираат своите животи.

Сега ги собра сите слики во книгата наречена „Лица“ и објаснува дека низ нив раскажува приказни за егзотични и далечни култури.

“Од моето детство бев фасциниран од лицата. Продолжувам да ги гледам, обидувајќи се да ги осознаам, разберам и почувствувам што изразуваат. Како дете се чувствував буквално опкружен со книги со човечки ликови.

Тоа е одраз на она што човечкото суштество го крие длабоко во себе – духовно и емоционално, тоа е состојба на душата, краткотраен или преоден израз. Сакам да го фатам тој фрагмент, да го фатам она што открива, бидејќи тој припаѓа само на овој уникатен и неповторлив момент “, изјави Антон.

Некои од неверојатните слики на Сергеј можат да се видат во нашата галерија.