(ВИДЕО) Умре Кумот на хип-хопот

од desk4
104 прегледи

Еден од пионерите на хип-хопот раперот Кевин Смит, познат под псевдонимот Lovebug Starski, почина во Лас Вегас, на возраст од 57 години. Ова е соопштено од страна на National Public Radio.

Назначено е дека смртта настанала како резултат на срцев удар. Смит учествувал на забавите организирани во Бронкс кои биле кон крајот на 1970 година, а во 1980 година, пишува хитови како Амитивил (Куќата на ридот), Do the Right Thing и Gotta Believe.

Се смета дека токму на Смит му припаѓа авторството на зборот “хип-хоп” кое потоа станува и музички жанр. Се претпоставува дека тој ја користел кога рапирал за свој пријател, кој бил повикан во армијата да маршира: hip, hop се користи во американската армија за време на маршот.