Сообраќајот во прекин – повредени две лица во сообраќајка на автопатот Демир Капија-Удово

од desk4
99 прегледи

Едно лице е потешко повредено, а едно со полесни повреди во сообраќајка, што се случи вечерва  на автопатот Демир Капија-Удово и предизвика прекин на сообраќајот.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира за МИА дека патничко моторно возило се извртело и удрило во товарно возило на делот од патот по демиркаписките тунели.

Потешко повредениот патник е пренесен на скопските клиники.

На терен се полициски екипи и се чека увид од страна на јавен обвинител.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на овој патниот правец е во прекин за сите возила во двата правци.