Во Маврови Анови половина метар снег!

од desk4
101 прегледи

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека најмногу снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка изнесува 48 сантиметри, по што следуваат Крушево со 27, Пожаране со 20, Ѓуриште со 19 и лазарополе со 17 сантиметри.

Најстудено е во Маврово, минус 4 степени, а минус три степени се измерени во Лазарополе, минус два во Тополчани, Ѓуриште и Крушево, минус еден во Пожаране,…

Времето е облачно и студено со врнежи кои на запад и североисток се главно од снег, а во пониските делови вдолж Повардарието се од дожд. Врнежите се со умерен интензитет на југот и југоистокот од земјава, а во останатите подрачја се главно со послаб интензитет. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Околу пладне и попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Температурата ќе достигне од 1 до 7 степени.

Во Скопје облачно, претпладне со локален слаб дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата до пет степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник и в среда претпладне.