(АУДИО СНИМКА НА ПИЛОТОТ) Извор на истрагата објави дека имало експлозија на еден од моторите на паднатиот Ан-148

од desk4
135 прегледи

Патничкиот авионот Ан-148 биле во воздух речиси две минути. Потоа исчезнал од радарот и престанал да одговара на повиците на авиодиспечерите. Авионот паднал меѓу селата Степановско и Аргуново.

Ниту еден од патниците и членовите на екипажот не преживеале. Според првичните податоци, авионот бил уништен во воздухот. Еден извор запознаен со истрагата рекол дека пилотот на авионот пријавил дефект. Авионот морал да изврши принудно слетување во градот Жуковски.

Несреќата дошла по експлозијаа на еден од моторите. Командантот на екипажот – 51-годишниот Валериј Губанов бил многу искусен пилот и имал над 5 000 часови на летање.

Од Саратовската авиокомпанија објави дека само со овој тип на авиони Губанов имал 2.800 часа летање. “Според прелиминарните податоци, авионот Ан-148 полетал во 14:24 часот на 11-ти февруари, но во 14: 28 часот исчезнал од радарите и падна во Раменскиот регион на Подмосковјето”, се посочува во соопштението на државното обвинителство.

Само на претставници на специјалните служби можат да бидат примени на местото на инцидентот. Се појави инфомација дека еден новинар бил облечен во униформа на вработен. Човекот сакал да сними неколку кадри, но официјалните претставници на Министерството за вонредни ситуации го испратиле со тупаници.