131
Њукасл уште еднаш се покажа како „црна мачка“ за Жозе Мурињо.
„Страчките“ го победија со 1-0 Манчестер Јунајтед на својот стадион во меч од 27-то коло во Премиер Лигата и речиси ставија крај на борбата за титулата во Англија.
Мурињо нема победа веќе седум меча против Њукасл во Премиер лигата – 4 порази и 3 нерешени.
Поразотго остави Манчестер Јунајтед на второто место со 16 поени зад Манчестер Сити.
Тимот на Рафа Бенитез е на 13. место во Премиер лигата со 28.
Во првиот меч од денешната програма, Хадерсфид го победи Борнемут со 4:1.