
Groupe Renault објави дека се приклучува на конзорциумот E-VIA FLEX-E, кој развива мрежа на брзи станици за полнење на електрични автомобили, кои ќе бидат стационирани по автопатите во јужниот дел на Европа.
До крајот на 2018 година треба да проработат 8 такви уреди во Италија, четири – во Шпанија и две – во Франција. Програмата на E-VIA FLEX-E предвидува изградба на станици со моќност од 150 до 350 kWh, кои ќе овозможуваат преминување на цела Европа со електромобил.
Проектот е координиран од енергетската компанија Enel и освен Renault во него побарале да учествуваат EDF, Enedis, Verbund, Ibil и Nissan. Инвестициите во изградбата на мрежата од полначи станици изнесува 6.9 милиони евра. Половина од средствата ќе ги обезбеди Европската комисија во рамките на планот за развој на транспортната инфраструктура Connecting Europe Facility (CEF).