Британските власти беа принудени да го  затворат аеродромот Лондон-Сити по пронаоѓањето на бомба од Втората светска војна во близина на реката Темза, јави СНН.

Бомбата била откриена за време на градежна активност.

Пораката на аеродромот  е  дека  мора да се обезбеди  површина од 214 метри радиус и го затворила Лондон-Сити.

Меѓународниот аеродром се наоѓа во Источен Лондон. За време на Втората светска војна, областа била индустријализирана и таму живееле многу луѓе. Аеродромот, што е далеку помалку од “Хитроу”, главно се користи за бизнис патувања до дестинации во Велика Британија, Европа и САД.