Адвокатите на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка, Гордана Јанкулоска на денешното рочиште за случајот „Тенк“ го „натрупаа“ судот со приговори.

Во Судот речиси два часа се приговара за надлежноста на Специјалното јавно обвинителство за овој случај и бомбите и двете страни се надмудурваат околу Законите.
Според одбраната СЈО до овој момент не ја докажа својата надлежност за предметите. Груевски ги побара во аудио форма прислушуваните разговори и според него, четири од вкупно осум „бомби“ се јавно достапни и со тоа, според него, овие докази се контаминирани и не можат да се користат во судска постапка.
СЈО пак смета со тоа што Советот за оценка на обвинителниот кат го одобрил обвинението, ја прифатил и надлежноста на СЈО.
Во Судот дојдоа Груевски, Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски кои се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра./24 vesti