Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи, кои долж Повардарието ќе бидат од дожд, во останатите делови од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни ќе бидат во западните и југоисточните подрачја каде ќе наврнат над 30 л/м2. Снежната покривка ќе се зголеми, на планините позначително. Ќе дува умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. 
Утринската температура ќе се движи од минус еден до два степени, а дневната од дневната ќе се движи од минус еден до девет степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура до нулата, а дневната температура ќе достигне до шест степени.
Во среда и четврток во западните и јужните делови ќе има врнежи од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа времето ќе стабилно со ниски утрински температури