Хакери нападнаа илјадници компјутери за да генерираат крипто-валути

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Илјадници интернет сајтови во светот беа заразени со малициозен софтвер кој ја користи моќта на компјутерите за да создава крипто-валути. Ова е тип „дискретно“ хакирање, што се шири брзо, предупредуваат експертите за компјутерска безбедност.

Еден од најголемите напади од овој вид, кои погодија владини интернет страници, беше откриена овој викенд од британскиот специјалист за сајбер безбедност Скот Хелм.

Овој тип на малициозен софтвер го користи капацитетот на компјутерот, за да генерира крипто-валути, кои потоа се повлекуваат од хакерите без сопственикот на компјутерот дури да разбере.

Според Хелм, повеќе од 4.000 сајтови биле нападнати на овој начин, вклучувајќи ја и онаа на британската служба за заштита на личните податоци „Information Commissioner’s office“, како и сајтот на американските федерални судови.

Слични содржини