Вардар подобар од Целје во СЕХА

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Македонскиот и европски ракометен шампион Вардар, вечерва оствари победа против словенечки Целје со 37:25 (20:10) во меч од СЕХА лигата.

Ова беше 13-ти триумф за „црвено-црните“ во регионалната лига, а победникот беше решен уште во првиот дел.

Тренерот Раул Гонзалез на овој меч ги одмараше Игор Карачиќ и Иван Чупиќ, а во игра не влегоа Арпад Штербик и Стојанче Стоилов.

Дибиров со 7 погодоци беше најефикасен за домаќините, Мартин Поповски постигна шест, а Страхиња Милиќ запиша вкупно 15 интервенции меѓу стативите.

Кај Словенците, Борут Мачковчек реализираше 11 гола.

При четири преостанати средби во СЕХА лигата, Вардар има 40 бода на врвот на табелата, пред Загреб кој има 31, на кој „црвено-црните“ му гостуваат на 27 февруари.

Следен предизвик за вардарци пак, ќе биде натпревар од Лигата на шампионите против ПИК Сегед, кој е во рамките на 12. коло.

Слични содржини