Екипата на Металург вечерва загуби од ППД Загреб со 30:28 (15:13) во средба од 14. коло на СЕХА лигата.
Тимот од Атвтокоманда во поголемиот дел од дуелот играше рамноправно, но неколкуте грешки на крајот на првото полувреме и во средината на второто, допринесоа бодовите да отидат за домашната екипа.
Металург на оваа средба настапи без Мартин Велковски, кој на последниот тренинг пред тргнување за Загреб ја повреди аркадата и остана во Скопје.
Халил Јагањац со 9 гола беше прв стрелец во редовите на Металург, Филип Кузмановски забележа осум, а одличен беше и Мартин Томовски со 10 интервенции.
Во редовите на Загреб, Хорват со осум погодоци беше најпрецизен.
Македонскиот вицешампион го забележа осмиот пораз и остана седмата позиција со 16 бода, а Загреб со десеттата стигна до 31. бод и се зацврсти на второто место
Следен предизвик за Металург е гостувањето во Словенија, каде на 27 февруари ќе ги одмери силите против Горење Велење.