153
Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн скрши рекорд во Лигата на Шампионите по погодокот во голот на Јувентус при синоќешното спектакуларно реми 2:2.
Англичанецот стана првиот фудбалер во историјата на турнирот, кој успева да забележи цели девет гола во првите девет натпревари.
Досега врвното достигнување беше осум гола во девет натпревари и го држеа тројца фудбалери – легендата на Барселона, Роналдињо, легендата на Челзи, Дидие Дрогба, актуелниот напаѓач на Атлетико Мадрид – Диего Кошта, како и Симоне Инзаги во дресот на Лацио.
24-годишниот Кејн веќе има 33 гола во сите натпреварувања оваа сезона и по тој показател е над сите во петте водечки првенства во Европа. Во Лигата на шампионите заостанува само од Кристијано Роналдо во оваа кампања.