ВО ЖИВО: Пукање во близина на американската разузнавачка служба – НСА: Тројца ранети, еден уапсен

од desk2
105 прегледи

Полицијата во Форт Мид, во американската сојузна држава Мериленд, пријави пукање во близина на седиштето на Националната безбедносна агенција – NSA. Три лица се ранети во инцидентот, наведуваат локалните медиуми.

Како што наведуваат американските медиуми, најмалку три лица биле ранети, а едно лице е  во притвор. Истрагата за нападот е во тек.

Одговарајќи на нападот, канцеларијата на ФБИ изјави дека пратиле персонал да одговори на пукањето.

Пукањето се случило во околу 7:30 минути по локално време. Се наведува дека автопатот кон Форт Мид е затворен во двете насоки.

Од Белата куќа соопштија дека претседателот Трамп е известен за инцидентот.