ФБИ, ЦИА и НСА ги предупредија Американците да не купуваат Huawei уреди

од desk2
128 прегледи

Шефовите на шест главни американски разузнавачи агенции ги предупредија граѓаните на САД дека не треба да користат и да купуваат производи и услуги од кинескиот технолошки гигант Huawei и од ZTE.

Директорот на ФБИ Крис Вреј вели дека Владата на САД е многу загрижена поради ризикот да и се дозволи на која и да е странска компанија да се вплетка во американските телекомуникациски мрежи.

„Овој начин може да им овозможи на странските компании способност за злонамерни модификации или кражба на информации од нашата мрежа. Тоа доведува до спроведување шпионажа која тешко се открива“, вели Вреј.

„Huawei е запознат со активнсотите на Владата на САД кои се насочени кој спречување на Huawei да тргува на американскиот пазар. Владите на бројни земји веруваат во Huawei, а купуваќите на аншите уреди во 170 земји во светот икогаш не биле изложени на нарушување на сајбер сигурноста“, вели портпаролот на Huawei.

Huawei уредите до сега им беа непознати на Американците, но третиот најголем светски бренд за паметни телефони најави претставување на мобилниот Mate 10 на настан на американската компанија AT&T овој месец.