Шеик има понуда што не се одбива: Од Кувајт за Ирак, 2 милијарди долари донација

од desk2
115 прегледи

Кувајтскиот шеик Сабах Ал Ахмад Ал Сабах, вели дека Кувајт ќе даде милијарда долари кредит и милијарда директни инвезтиции за да помогне во обновата на Ирак.

Според АП тоа е неверојатна донација затоа што само пред 10 години Садам Хусеин ја нападна таа мала и со нафта богата земја.

Понудата на шеикот Сабах, укажува на длабока заинтересираност на неговата земја Ирак да стане мирна и стабилна земја по војната против припадниците на Исламска држава и хаосот што следеше по инвазијата на Багдад во 2003 година, која ја предводеа САД.

„Овој голем собир на заедници од светот кои денеска се присутни овде, се одраз на големите страдања кои Ирак ги претрпе во соочување со тероризмот“, вели шеикот Сабах на самитот на донатори во кувајтскиот град Бајан Палас.

„Ирак не може да почне мисија за обнова без поддршка, поради што денеска се собравме овде од целиот свет са застанеме покрај Ирачаните“, додава тој.

“Irak ne može započeti misiju obnove bez podrške, zbog čega smo se danas i okupili ovde iz celog sveta da stanemo uz Iračane”, dodao je on.

На Ирак за мисијата за обнова му се потребни многу повеќе донации, бидејќи бараат 88,2 милијарди долари од донаторите.