Тодоровска дебитираше со 85 позиција од 90 натпреварувачки во Пјонгчанг

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Скијачката Викторија Тодоровска денеска го имаше своето деби на ЗОИ 2018 во Пјонгчанг.

Во трката на 10 километри, Тодорвска заврши на 85 место од 90 натпреварувачи.

Македонката запиша време од 32 минути, 52 секунди и 6 стотинки.

Златниот медал во дисциплината на Тодоровска го осовои Рангилд Хага од Норвешка која беше за 7.57 минути побрза од нашата претставничка.

Завчера нашиот претставник на игрите, Ставре Јада на својот прв настап го освои последното место во квалификациите за спринтерската трка со класичен стил.

Третиот претставник на Македонија, Антонио Ристевски, ќе настапи на 18 февруари во велеслалом, а слаломот му е закажан за 22 февруари.

Слични содржини