Големата ѕвезда на европскиот клупски шампион Реал Мадрид – Кристијано Роналдо, користел неверојатна техника при одбележувањето на пенал против ПСЖ синоќа.
„Кралевите“ го освоија првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на Шампионите со 3:1, а во 45-тата минута, петкратниот добитник на „Златната топка“ беше прецизен од пенал за 1:1.
При извршувањето, тој користел техника, која е според правилата, објасни неговиот поранешен соиграч во Манчестер Јунајтед – Рио Фердинанд.
Со ногата со која се потпира, Роналдо стапнал цврсто на тревата, како резултат на што се добиваат вибрации. Од нив, топката скока малку и португалскиот репрезентативец шутира. Овој пристап обезбедува далеку поголема сила и дополнително му отежнува на голманот.
„Се колнам, тоа е луда работа! Сум видел како го прави истото и на тренинзи, како со натприродна сила е“, изјави Фердинанд.