
Во моментов нема законска основа за разрешување на некој од директорите – одговори градоначалникот Петре Шилегов за Тв24 на отвореното писмо во кое група наставници се пожали на притисоци и мобинг од директорите поставени од претходната власт.
Засега тие ќе мора да чекаат да им истече мандатот или нивните тврдења да се докажат како точни.