ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја прикрива својата неефикасност со политички конструирани процеси

од desk2
72 прегледи

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение посочуваат дека наместо Зоран Заев и СДСМ да почнат да ги исполнуваат сите оние работи кои им ги ветиле на граѓаните на Република Македонија тие почнале да се пресметуваат со своите политички неистомисленици.

„Притворени се пратеници и интелектуалци во еден организиран, политички мотивиран судски процес чија цел е да се дефокусираат граѓаните од реалните проблеми со кои се соочува Република Македонија. Обвинети за тероризам се познати интелектуалци, уметници, архитекти, доктори, глумци, пратеници, мајки на малолетни дечиња поради тоа што се осудија да го кренат гласот против погрешните политики на владата на Зоран Заев и СДСМ“, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ воедно истакнуваат дека не постои ниту еден основ за притвор бидејќи нема дело туку постои само политичка конструкција. Оттаму додаваат дека аргументите се на страна на неправедно обвинетите и ги повикуваат правосудните органи веднаш да го стопираат прогонот.

„Судиите мораат да се стават во функција исклучиво на Уставот, законите и човековите права на секој граѓанин на Република Македонија. Македонија е единствената држава во Eвропа каде од затвор се ослободуваат лица осудени за тешки кривични дела, а во исто време по судови да се влечат луѓе кои во еден монтиран процес се обвинети за апсурдното дело тероризам. Во интерес на демократијата, правната држава и намерите на Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО, овој политички прогон мора да запре“, се наведува во партиското соопштение.