Српскиот центар на Денвер, Никола Јокиќ регистрира најбрз „трипл-дабл“ во историјата на НБА при успехот на Нагетс со 134:123 над Милвоки како гостин. Јокиќ ја заврши средбата со 30 поени, 15 скока и 17 асистенции, а 22-годишниот Србин стигна до петтиот „трипл-дабл“ сезонава за само 14 минути и 33 секунди на теренот, а тоа се случи малку повеќе од една минута пред крајот на првата половина.
Силната игра на Јокиќ беше дополнета од одличниот шут на Денвер од тројка, кои забележаа 24 прецизни погодоци од далечна локација.
Nikola Jokic reached a triple-double with 1:54 left in the second quarter.
That's the fastest triple-double in the NBA in the past 20 seasons. pic.twitter.com/kCy9a03ZGn
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) February 16, 2018
Ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо исто така, одигра многу силен натпревар и заврши со „трипл-дабл“ од 36 поени, 11 скока и 13 асистенции, но тоа не беше доволно за домаќините.
Гери Харис постигна 28 поени за Денвер, а Џамал Мареј заврши со 26, додека за Милвоки Ерик Бледсо остана со 27 поени, а Крис Мидлтон придодаде 17.
За Јокиќ, ова беше четврти „трипл-дабл“ од 27 јануари, петти во сегашната сезона и вкупно шест во кариерата. Всушност, првата НБА средба на која постигна „трипл-дабл“ беше минатата сезона и беше при посетата на Бакс.