Италијанските медиуми повторно го поврзаа напаѓачот на Тотенхем, Ерик Ламела со Интер.
Аргентинецот долго време е следен од „нероазурите“, но трансферот никогаш не се оствари.
Сега спортски директор на тимот од Милано, Пјеро Аусилио, ќе се обиде да го убеди Тотенхем да го продаде својот фудбалер, вели Тутоспорт.
Ако тие удрат на камен во разговорите за Ламела, Интер ќе се упати кон крилото на Болоња, Симоне Верди.
Во меѓувреме, фудбалерот на Интер, Борха Валеро даде кратко интервју за италијанското издание на „Анса“, во кое го коментираше Лучано Спалети, тренерот на тимот.
33-годишниот играч од средниот ред се приклучи на екипата од „Џузепе Меаца“ од Фиорентина минатото лето и набрзина се претвори во главен во формацијата на специјалистот.
„Спалети не се разликува од она што го гледате на аут линијата. Секогаш е импулсивен и со жесток темперамент. Тоа нè прави да се чувствуваме добро. Тим како Интер има потреба од силен и посебен карактер“.
„Во моментот кога сум на таква возраст, се обидувам да им пренесам мир и доверба на моите соиграчи. Особено за помладите. Дали сум лидер? Мислам дека сум во нормалниот живот. На теренот, сакам да бидам главна личност“, заклучи Шпанецот.