Тренерот на Наполи, Маурицио Сари, ја критикуваше презентацијата на својот тим против Лајпциг минатата ноќ.
„Небесно-сините“ загубија 3:1 дома од нивниот германски противник во првиот натпревар од 1/16-финалето на Лигата на шампионите.
Имаше голем број на промени во тимот од неапол што влијаеше на перформансите на тимот кој моментно се наоѓа на врвот во Серија А.
„Нашата цел е Скудето. Одгравме прилично разочарувачки меч. Ние немавме ентузијазам. Оние што ретко играа, не помогнаа доволно. Тимот не играше со вистинската постава и многу ме разочараа“, изјави вчера Сари.
„Вие не можете да си дозволите таков гол во 92. минута. Игравме без желба. Ова е лош сигнал за менталитетот на тимот. Ние направивме сѐ, што не треба да се направи. Почнуваме да размислуваме за шампионатот. Но, моравме да го почитуваме дресот на Наполи во натпреварот од Лајпциг“, заврши Сари веднаш по натпреварот.