Поразот со 1:3 од Реал Мадрид во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампиони ја вжешти до крајни граници ситуацијата во ПСЖ.
Според „Дејли Експрес“ најголемата ѕвезда на „принцовите“, Нејмар го обвинил тренерот Унаи Емери и двајца од своите соиграчи за поразот на „Сантијаго Бернабеу“.
Најскапиот фудбалер во историјата изјавил за шпанскиот тактичар дека погрешил што го оставил капитенот Тиаго Силва резерва. На негово место играше неискусниот Преснел Кимпембе и Нејмар е на мислење дека токму играчот погрешил при два од головите на Реал.
Тој изразил незадоволство уште од Џовани Ло Селсо кој го направи пеналот против Тони Крос, од кој Кристијано Роналдо беше прецизен за 1:1. Според техничарот, Емери требало да се обложи на искусниот Ласана Диара наместо на аргентинскиот фудбалер.
Тој беше земен од Ал Џезира во зимскиот трансфер прозорец и досега одиграл четири натпревари за ПСЖ, но нема полни 90 минути на теренот.
За тактиката на францускиот гигант проговорија дури и жените на Анхел Ди Марија и Тиаго Силва, кои исто го критикуваа Емери.
„Твоите напори + дополнителна работа + голови + асистенции + одлична форма = клупата. Но, што разбираме од фудбал ние жените“, напиша Жоржелина Кардосо, сопруга на Ди Марија.
„Тактика, тактика, тактика?“, додаде Изабел Силва.