Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се цели на тројца фудбалери на Баерн Минхен откако беше виен како руча со нив во мадридски ресторан. Станува збор за Хуан Бернат, Артуро Видал и Хамес Родригез.
Весникот „АС“ пишува дека Симеоне и играчите на баварскиот гигант не излегле заедно од ресторанот, за да не оставаат погрешен впечаток.
Медиумите во Германија и Шпанија веднаш направија референца за веројатноста Атлетико да ги земе засегнатите фудбалери. Со Хамес ситуацијата е комплицирана, бидејќи тој е во сопственост на Реал Мадрид и ќе игра под наем во Баерн до крајот на следната сезона.
Сепак, Видал и Бернат се многу полесни цели на пазарот. Чилеанецот има договор до крајот на следната сезона, но привлекувањето на Леон Горецка ја прави неговата иднина неизвесна, и покрај уверувањата на јужноамериканецот дека сака да остане. Хуан Бернат е тврда резерва на Давид Алаба и во зима беше поврзуван за трансфер.