Барса со тешка победа во Ла Лига пред мечот со Челзи

од Vladimir Zorba

Лидерот во Примера, Барселона победи со 2:0 при посетата кај Еибар во натпреварот од 24 круг, игран на речиси континуиран дожд на стадионот „Ипуруа“.

Каталонците се испотија доста за да дојдат со успех, при што домаќините туркаа да израмнат, дуеи и со играч помалку.

Луис Суарез постигна гол во 16-тата минута, а Жорди Алба го затвори мечот во 88-та.

Во средината на второто полувреме, Фабијан Орејана беше избркан поради невоздржана реакција.

„Блауграна“ направи многу грешки, а во нападот тие дејствуваа доста непромислено.

На крајот, Барса освои три бодови и може мирно да се подготвува за првата битка со Челзи во Лигата на шампионите.

Слични содржини