Транссексуална жена го надои своето дете за првпат во историјата

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Американските научници првпат опишаа како една транссексуална жена може да го дои посвоеното дете со хормони што предизвикаа појава на мајчиното млеко, објавија француските медиуми.

Научниците, сепак, тврдат дека треба да се направат понатамошни истражувања за да се утврди дали таквото мајчино млеко е хранливо и безбедно за новороденчето.

Транскриптот, објавен во списанието Transgender Health, го опишува случајот на 30-годишна трансексуална жена која е родена како маж. Таа е подложена на 10-годишна женска хормонска терапија. Пациентот не сакал да има операција на градите или гениталиите. Таа прибегнала кон услугите на медицинскиот тим откако нејзинaтa бременa партнерка не сакала да го дои идното бебе. И транссексуалната жена сакала целосно да ја преземе таа улога, велат лекарите во болницата Mount Sinai во Њујорк.

Пациентката поминала низ режим кој довел до производство на млеко во претходните експерименти. Третманот постигнал зголемување на нивото на женските хормони естрадиол и прогестеронот во телото.

Жената, исто така, користела пумпа за гради три пати на ден. Таа го следела режимот три и пол месеци пред да се роди детето.