Модел на американското еротско списание „Плејбој“, Карен Мекдугал раскажа за 9-месечната интимна врска со Доналд Трамп, која била консумирана откако милијардерот се оженил за третата сопруга Меланија во 2005 година, соопшти весникот „Њујоркер“.
Пријателот на Карен – Џон Крофорд, предал на „Њујоркер“ шест напишани на рака листови во кои Мекдугал опишува како се запознала со Трамп и какви биле односите со него.
Двајцата се запознале на прославата во имотот на „Плејбој“ во јуни 2006. Си ги размениле телефоните и почнале да комуницираат. Потоа се виделе насамо во хотел во Беверли Хилс. „Бев толку возбудена! Ми се допадна неговото размислување и неговиот шарм. Таков љубезен човек“, вели Мекдугал.
Двајцата поразговарале околу два часа, а потоа „се соблекле и имале секс“. Потоа Трамп и понудил пари на младата жена, но таа одбила.
„Го гледав и почувствував разочарување. И реков: „Не, благодарам, јас не сум таква девојка“.
Непосредно пред претседателските избори „Волстрит журнал“ објави дека блискиот до Трамп, Дејвид Пекер и платил на Мекдугал 150 илјади долари, за да молчи за односите со претседателот.
Подоцна истото издание откри како адвокатот на Трамп, Мајкл Коен платил уште 130 илјади долари на поранешната порно-актерка Стефани Клифорд во рамките на вонсудско решение за да не кажува за нејзината врска со Трамп.
Двете информации беа демантирани од страна на Белата куќа.