Најмалку четири лица се повредени при пукање кое се случи пред ресторанот „Тексас редхаус“ во Сан Антонио, соопшти американската полиција.

Меѓу повредените е и шестгодишно момче. Останата кои се застреланни се на возраст од околу 20 години.
„Двајца од тројца повредени се здобија со повреди опасни по живот, и префрлени се во најблиската болница. Сега се во стабилна состојба“, соопшти полцијата.
Шесгодишното момче е рането во ногата и не е во животна опасност.
Според полицијата, пукањето се случило синоќа во 21 часот по локално време и дека жртвите стоеле пред ресторанот „Тексас редхаус“ во близина на трговскиот центар „Инграм парк“. „Не веруваме дека ова пукање беше случајно“, вели претставник на полицијата и додаде дека сите жртви се роднини.
Локалните репортери наведуваат дека на луѓето пукал афроамериканец, со полуавтоматска пушка.
Напаѓаќот не еуапсен и се трага по него.
Да потсетиме, Американците се на нозе по најсмртоносниот напад во средно училиште кога поранешен ученик застрела и уби 17 луѓе, ученици и професори. Тоа повторно го отвори прашањето за контрола на оружјето.