Марсело оди на комплетни истражувања, Зидан се надева дека повредата не е сериозна

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Дефанзивецот на Реал Мадрид Марсело ќе се подложи на полни медицински истражувања поради повредата која ја заработи при победата на тимот со 5:3 против Бетис во натпревар од 24-тото коло на Ла Лига. Бразилскиот дефанзивец се фати за бутот на десната нога и падна на теренот во 26-тата минута на дуелот, по што беше заменет од Тео Ернандез.

Марсело е непроменлив стартер во тимот на Зинедин Зидан.

„Се надеваме дека ќе нема ништо сериозно со повредата на Марсело. Зборував со него и тој ми рече дека не е толку лошо. Ќе направиме полни медицински истражувања“, рече Зидан по натпреварот.

Реал остана на четвртото место во шпанскиот шампионат, 17 поени зад лидерот на Барселона.

Слични содржини