Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има сериозни намери за играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џулијан Вајгл, и во последно време внимателно го следи внимателно.
Според британскиот весник „Мирор“, клубот во Манчестер испратил извидници на германската територија во последниве неколку недели за внимателно да го следат „летачкиот Германец“.
Гвардиола е голем обожавател на Џулијан откако го предводеше Баерн Минхен. Каталонецот совршено ги познава квалитетите на дефанзивниот играч од средниот ред и би сакал да работи со него на стадионот Етихад.
Сити бара замена за Јаја Туре, чиј договор со Сити истекува на крајот од кампањата. Според информациите, Борусија е подготвена да преговара со понуда од најмалку 45 милиони евра.
Договорот на младиот Германец со тимот од „Сигнал Идуна Парк“ е до летото 2021 година.