
Според минатогодишните практики, кумановските пензионери се рекреираат во Катлановска бања. Услугата „Бањско климатска рекреација“ може да се користи еднаш, во период од март до ноември годинава во траење од седум дена. Рангирањето се врши според висина на пензија, односно оние пензионери кои имаат пониска пензија имаат повеќе бодови за остварување на оваа услуга.
Во рамки на овој проект државата на пензионерите им обезбедува шест полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, задолжителен здравствен преглед и платени трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта.