Шефот на Милан негираше дека е банкрот

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Сопственикот на Милан, Ли Јонхон го наруши молкот по гласините дека бил на работ на банкрот и за продажбата на неговите средства во неговата татковина. Веста на „Corriere della Sera“, објавена пред неколку дена, ги предизвика духовите во Италија и сериозно ја загрижи фудбалската федерација во земјата. Ли Јонхон избра да даде поголема јасност по ова прашање на официјалната страница на „росонерите“, уверувајќи ги сите навивачи на тимот.

„Во текот на изминатите 48 часа, видовме некои вести во медиумите кои се стремат да му наштетат на клубот, на мојот бизнис, на моето семејство и на мене. Откако го купив Милано, се соочував со секакви потешкотии и со голема напнатост. Како резултат на овие неодговорни вести, сакам да создадам смиреност околу тимот и клубот како целина“, коментираше Јонхон.

„Не разбирам зошто овие гласини се создадени, но нивната цел е да му наштетат на клубот и на моето семејство. Сакам да ја искористам оваа можност да објаснам дека ситуацијата во мојот бизнис е сосема стабилна. Ние работиме по сите правила. Се надевам дека овие вести нема влијаат врз клубот, туку да се насочат на целосната поддршка на тимот и г-дин Гатузо“, додаде кинескиот бизнисмен.

Слични содржини