Бремената Ева Лонгорија помина на црвениот тепих за време на „Costume Designers Guild Awards“ вчера.
Актерката беше таму за да даде специјална награда за Кери Вашингтон.
Ева, која очекува да стане мајка во мај, сјаеше во бледо сатенска облека. Очигледно беше во добро расположение, бидејќи таа и нејзините колешки – Џинa Родригез и Кери Вашингтон, не престанаа со посочување на нејзиниот стомак.
Погледнете како актерката се забавуваше зад сцената на наградите во галеријата: