ВМРО-ДПМНЕ: Царовска под итно да поднесе оставка за скандалите што се случија во „25 Мај“

од desk2
91 прегледи

„Мила Царовска треба да престане да се крие зад пониските ешалони на власта. Царовска е директно одговорна за пропустите и скандалите што се случуваат во Министерството за труд и социјална политика.

Мила Царовска ако има тронка морална одговорност треба под итно да поднесе оставка за скандалите што се случија во „25 Мај“.

Скандалозниот однос на институциите и негрижата која ја манифестираат државните органи е недозволив.

Се работи за физичкото и психичкото здравје на децата штитеници на установата која презела обврска да се грижи за нивното воспитувањето и здравје, институција во ресорот на Мила Царовска.

Граѓаните очекуваат Цароска да се соочи со својата неодговорност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изјавата на Јована Мирческа.