Поповска: Врховниот суд потврди казни за измислени дела на невини луѓе

од desk2
88 прегледи

Лилјана Поповска од ДОМ реагира на, како што вели, некои материјални неточности изнесени во јавноста, по повод нејзиниот допис за полициско-политичкиот монтиран случај „Музеј“, во кој настрадаа шест невини луѓе, меѓу кои и двајца од ДОМ.

„Поради изнесените паушални оценки за случајот, да појаснам: Врховен суд неодамна ги одби жалбите за казните кои беа веќе одлежани во притвор, за кој судот во Стразбур одлучи дека е неоснован. Претходно, во март 2015, Основниот суд имаше досудено драконски казни од вкупно 31 година. По жалба, на Апелација беа отфрлени половина од „случаите“, а пресудено само за по еден на човек, колку да се покрие скандалозниот и неоснован притвор од 8,5 месеци до 2 години и 3 месеци!

Ме изненадија поединечни реакции, како некој да ликува со одлуката на Врховниот суд да им ги потврди казните за измислени „дела“ на невини луѓе!? Не е убаво ситење над туѓа несреќа, особено кога се работи за неправда.

Како да се верува во одлуките на судот, по сѐ што се слушна и разбра за начинот на распределба на предметите со заобиколување на АКМИС-от, за нарачките и за пресудите? Впрочем, овој метод на работа на правосудните органи во изминативе три години беше детално анализиран, илустриран и посведочен со многу примери, а е дел и од извештајот на Прибе“, се наведува во реакцијата на Поповска.

Претходно, Поповска за „Мактел“ изјави дека Никола Груевски ја уценувал со деветгодишна затворска казна за нејзиниот зет за сестра во случајот „Музеј.