Реал излезе на трето место во Ла Лига

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Реал Мадрид очекувано го победи Леганес со 3:1 како гостин во одложен натпревар од првенството и така излезе на третото место на табелата во Примера.
 
„Кралскиот“ клуб губеше во почетокот, но брзо стигна до пресврт, а на крајот го направи успехот уште поубедлив од пенал.
 
Така тимот на Зинедин Зидан веќе има 48 поени, 2 повеќе од Валенсија. Лидерите сепак се уште далеку напред, oткако Барса е со 14 поени повеќе, а вториот Атлетико со 7.
 
Леганес останува на 13-то место со 29 поени, далеку од опасната зона. Овој пат, тимот не успеа да постигне изненадување, како што го направи тоа за Кралскиот Куп, кога го отстрани европскиот шампион.